Тасевска незадржлива, Македонија преку пресврт ја совлада БиХ! 

Во пресрет на ЕФХ Шампионатот, женската младинска ракометна репрезентација забележа голема победа на гостувањето кај Босна и Херцеговина, во рамки од првиот од двата меѓусебни пријателски натпревари. 

Нашите девојки натпреварот во Мостар го започнаа лошо, но го завршија феноменално. Во првото полувреме домаќинот ја имаше контролата врз играта и констатно беше во водство, но во вторите 30 минути квалитетот на Македонија дојде до израз и на крај заслужено славеше со 26-32 (14-12). 

Убедливо најдобар поединец во нашиот табор беше Тасевска со девет гола, а солидни беа уште Кипријановски со шест и Трпевска со пет. 

Двете селекции денес ќе го одиграат и вториот контролен натпревар, а од понеделник нашите надежи заминуваат за Литванија каде ќе се одржи ЕХФ Шампионатот.