• Иван Димовски
Ракометарите на Охрид се подговуваат за двомечот против Баки во второто коло на Европскиот куп на ЕХФ. Во пресрет на двата натпревари кои по взаемен договор ќе ги играат како домаќини, на прес-конференцијата зборуваше искусниот Иван Тасески.
„Атмосферата во Охрид е одлична. Новите момци кои дојдоа се доста квалитетни, имаме одлична хемија од старт. Добро се подготвуваме за секоја средба, а така и за овој со Баки. Се надевам дека со нашата добра игра во одбрана уште на првиот меч со висока победа ќе си осигураме пласман во следната фаза на ЕХФ Купот. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да бидат наша поддршка“, изјави Тасески.
Охриѓани првиот натпревар против Баки го играат в сабота во терминот од 18:00 часот. Следниот ден во истиот термин во „Билјанини Извори“ се игра и реванш дуелот, а Охрид е фаворит за пласман понатаму.



