Тасески не се одделува од Охрид, потпиша нов едногодишен договор

Откако пред неколку дена се ослободи од странците Тот и Чагал, раководството на Охрид започна да го гради својот тим за следната ракометна сезона и прв ракометар кој потпиша нов договор е Иван Тасески.

Искусниот кружен напаѓач веќе подолго време ги брани боите на клубот од покрај езерото, а својата верност кон „гладијаторите“ ја потврди со продолжувањето на соработката на уште една сезона. 

Охрид со големи амбиции ја отвори минатата сезона во Суперлигата. Во првиот дел играше фантастично и имаше максимални „12 од 12“, но во вториот дел, односно во плеј-офот целосно потфрли и остана без учество на меѓународна сцена.

Покрај задржувањето на искусниот Тасески, Охрид ќе мора сериозно да покрие уште неколку позиции, кои во минатата сезона се покажаа како најслаба точка на екипата.