Тасески: И покрај проблемите со повредите против Вардар ќе го дадеме максимумот

Ракометарите на Охрид во пресрет на завршницата од Купот на Македонија, на која ќе бидат домаќини, силите ќе ги одмерат со еден од кандидатите за титулата Вардар 1961, во рамки од осмото коло од плеј-офот во Суперлигата.

Искусниот Иван Тасески вети дека тимот и покрај големите проблеми со повреди играчи ќе го даде максимумот на овој натпревар и од охриѓани побара голема поддршка. 

„Следниот натпревар го играме со двократниот европски шампион, иако имаме доста повредени играчи покажавме дека можеме со сите да се надигруваме. Во недела ќе го дадеме сите својот максимум за да изиграме еден добар натпревар и ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка“, вели Тасески.

Натпреварот меѓу Охрид и Вардар 1961 се игра в недела со почеток во 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“.