• Горан Упале

Повремениот македонски репрезентативец, Марио Танкоски и официјално е нов член на Вардар 1961. По четири сезони минати во Еурофарм Пелистер, средниот бек се реши за промени и ја прифати понудата на најтрофејниот македонски колектив.
Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули кога започнуваат подготовките на тимот. По потписот тој изјави дека е среќен што по неколку неуспешни обиди конечно потпиша со Вардар.
„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони“, изјави Марио Танкоски.
Стружанецот е шесто засилување за Вардар 1961 за новата сезона. Претходно со „црвено-црните“ се договорија Мигел Пинто, Дмитро Горига, Младен Крсманчиќ, Ашреф Мергали и Томче Стојановски.