Танкоски: На ниеден ривал нема да му е лесно против Македонија

Левиот и среден бек на Металург, Марио Танкоски, е еден од дебитантите во сениорскиот тим на Македонија. Младиот ракометар остана на списокот на Раул Гонзалез, а допрва ќе се одлучува дали тој ќе игра на Мундијалот во Германија и Данска.

Танкоски вели дека сениорскиот дрес е мотив за секој млад ракометар, а цел на СП ќе биде да се игра што подобро и да се освојуваат што повеќе бодови.

„Секој млад ракометар лично очекува да биде на краткиот список. Тука има и многу искусни ракометари од кого може да се научи. Кога се игра за репрезентацијата, секогаш сакаш да си со најдобрите. Тоа ќе биде наша цел на ова СП“, вели младиот ракометар.

Конкуренцијата на среден бек во националниот тим е подмладена, ако се земе предвид дека во тимот ги нема Немања Прибак и Филип Миркуловски. Танкоски вели дека тоа е една од најтешките позиции, но најавува борба за место на СП.

„Да си плејмејкер во ракометот е една од најтешките позиции затоа што организираш игра. На таа позиција има најмногу играчи, а селекторот ќе увиди кој ќе биде најспремен да игра на Мундијалот“, додава тој.

Потоа, ракометарот на Металург направи и анализа на групата, во која ќе игра Македонија.

„Групата е доста добра и мора да се внимава со секого затоа што сите во светот сега играат ракомет. Јапонија има селектор што претходно ја водеше Германија, па се спремаат за овој Мундијал. Хрватска и Исланд добро ги знаеме, Шпанија е европски првак. Тоа доволно зборува дека е тешка групата, но и ние последните десетина години сме меѓу најдобрите во светскиот ракомет, па нема никому да му биде лесно со нас“, заврши репрезентативецот.

Македонија ќе ги одработи подготовките за СП во Скопје, а во рамки на нив ќе игра и два пријателски меча, со селекцијата на Србија. Мундијалот за нас започнува на 11 јануари, со дуел со Јапонија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0