• Горан Упале

Машката кадетска репрезентација на Македонија за три дена ќе ги стартува подготовките за Европското првенство кое ќе се оддржи во Подгорица, Црна Гора, во период од 7 до 18 август оваа година.
Селекторот Наум Танески го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на овој шампионат. Тој на првиот собир на располагање ќе има 23 ракометари, од кои само еден е интернационалец, додека останатите настапуваат во македонските клубови.
Македонија на Европското првенство ќе биде дел од групата Б, а за противници ги има Франција, Германија и Полска.
Распоред на натпреварите:
07.08.2024 – Франција – Македонија
08.08.2024 – Македонија – Германија
10.08.2024 – Полска – Македонија.
Собирот е закажан за в четврток со почеток во 10:00 часот во Автокоманда во Скопје.