Тамше и Голужа фаворити за селекторската функција во Тунис

Веќе неколку недели стои испразнето селекторското место на туниската репрезентација. Кој ќе биде наследник на новиот српски тренер Тони Џерона е дилема и во домашната и во интернационалната јавност.

Според информациите што ги пренесуваат арапските медиуми, меѓу кандидатите се и тренери од регионот - Славко Голуша и Бранко Тамше.

Поранешниот тренер на Горење, Целје Пивоварна Лашко и ППД Загреб, Тамше е еден од фаворитите. Се издвојува и поранешниот селектор на хрватската репрезентација, а сега предводник на словачкиот Татран, Славко Голужа. Големи шанси му се даваат и на шпанскиот стручњак Даниел Горди.

Џерона освои африканско злато во 2018 и сребро во 2020 година со репрезентацијата на Тунис, а се закити и со сребрен медал на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.