Талески со гол во победата на РНЛ, Миркуловски со Вецлар само до реми

Германскиот ракометен првак Рајн Некар Левен по првиот пораз во новата сезона, во минато коло против Фленсбург, во денешниот дуел од 4. коло славеше убедлива победа против Минден од 37-22 (20-11).

Рајн Некар Левен од самиот старт на натпреварот резултатски се одлепи и прашање беше висината на разликата во конечниот резултат. Најефикасен кај „лавовите“ со 9 гола беше Шмит, а Толбринг постигна 8погодоци. Нашиот Филип Талески влезе во самиот финиш и до крајот успеа да запише еден погодок покрај своето име.

Филип Миркуловски со неговиот Вецлар во супер интересна завршница не успеа да слави победа против Хутенберг и одигра реми со резултат 23-23 (13-10). Македонецот беше стрелец на три погодоци од пет обиди и еден од најзаслужните за ремито во финишот.

Во наредното коло Рајн Некар Левен гостува кај Гумерсбах, додека Ветцлар со Миркуловски играат исто така на гостински терен, против Либек.