Талевски: Атмосферата и притисокот не нè уплашија, туку нè мотивира да ја победиме Струга! 

Битолски Пелистер забележа херојска победа на гости кај разнишаната Струга, во своето прво гостување во новата сезона на Суперлигата. 

„Зелено-белите“ по поразот од Бутел за првпат ги израдуваа битолчани, а новајлијата Стефан Талевски е задоволен и среќен што не потпаднаа под притисокот и атмосферата во струшката сала и заслужено стигнаа до својата деби-победа. 

„Без разлика на проблемите со кои се соочувавме и ние и Струга, на терен излеговме со една цел - да извојуваме победа. Поддршката од трибините беше на нивна страна, а притисокот на наша, но не се уплашивме, туку тоа нè мотивира и со борбена и тимска игра стигнавме до голема победа. 

Како екипа сме многу млади, не само играчки, туку и малку време сме заедно, но лигата е долга и наше е напорно да тренираме и да ги реализираме замислите на тренерот, па мислам дека резултатите ќе си дојдат“, ни изјави битолското крило. 

Токму Талевски, заедно со Буторац со по шест гола беа првите стрелци во редовите на Пелистер, кој наредниот викенд го чека дуел со Охрид во Битола.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4