Талевска се врати на клупата, ЖРК Пелистер почна со подготовки

Еден од најпостојаните учесници во женската Суперлига, битолски ЖРК Пелистер ги започна подготовките за новата сезона. Клубот се раздели со тренерот од сезоната 2024/25, Борче Корлевски и пак ја именува Моника Талевска на тренер на екипата. Поранешната ракометарка на ЖРК Пелистер се враќа на клупата на битолчанки по двегодишна пауза.

Талевска на располагање има млад ростер и екипата ќе се обиде да се наметна во новата Суперлига со осум екипи. ЖРК Пелистер е посилен за Симона Спиркоска, Ана Стојчевска и Невена Бундоска, но од ланскиот ростер заминаа Анастасија Дамјановска, Моника Босилковска, Наталија Дишковска и Дона Маркоска.

Пелистерки ќе се подготвуваат во Битола уште една недела, а потоа ќе ги минат централните подготовки во Охрид.