Талески: Трпеливо во нападот, Бахреин е повисока селекција од Јапонија (ВИДЕО)

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Со оглед на ефикасноста на нападот на натпреварите против Србија и Јапонија, Македонија во нападот има многу солуции и тие излегуваат на површина. Националниот тим извојува победи извојувани со голем број постигнати голови и разновиден стил на игра.

Критиката смета дека вчерашното издание е доволно да се победи Бахреин, но максимална посветеност и анализа на сите детали не е на одмет.

Филип Талески пред официјалниот тренинг пред натпреварот ја пренесе атмосферата во националниот тим по првата победа. 

„Посакувавме мундијалот да го отвориме со победа, тоа и го направивме. Имаме една преспана ноќ, а следат уште четири натпревари. Синоќа видовме дека и Бахреин е незгоден противник како и Јапонија, се држеше до самиот крај против Шпанија. Потребно е максимално да се подготвиме и за нив. Ако имаме уште една победа, потоа ќе биде се отворено против Хрватска, Шпанија и Исланд. Имаме еден ден за подготовки и се надевам на добар меч. Бахреин е повисока селекција од Јапонија, имаат покомпактна одбрана, па поради тоа мора да бидеме трпеливи во нападот и да не ги повториме грешките со избрзани шутеви со Јапонија. Нема да биде лесно, но одиме со сите сили“, ни рече Талески.

Погледнете го комплетниот разговор со Филип Талески: 

Селекциите од Азија ни лежат и во петте соочувања во историјата на официјални натпревари, исто толку пати се радувавме на победи. Нека продолжи традицијата и утре попладне во Минхен. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0