Талески запиша два гола во новата бундеслигашка победа на РНЛ

Ракометарите на Рајн Некар Левен запишаа нова победа во германскиот шампионат, откако во рамките на 20. коло на домашен терен триумфирaа против тимот на Бергишер со 26-20 (15-9).

Почетокот на мечот беше израмнет, со тоа што „лавовите“ постојано имаа минимална предност, а гостите одговараа на секој постигнат погодок на домаќините. Во 22. минута при резултат 10-9 за Рајн Некар Левен, нашиот Филип Талески погоди за водство пд 11-9 и ја започна серијата од 5-0, која на полувреме донесе убедлива предност од 15-9.

Во продолжение се играше неефикасен ракомет, домаќините во првите 20 минути постигнаа само четири гола, а тоа Бергишер тоа го искористи и се доближи на само -2 (20-18), но немаше сили за целосен пресврт и на крајот Талески и неговиот тим славеа победа од 26-20. Нашиот Филип Талески мечот го заврши со два гола, по еден во двете полувремиња, а најефикасни кај победниците беа Гвардиола и Петерсон со по пет гола.

Во следното коло, Рајн Некар Левен ќе игра на гостински терен против Минден, а потоа ги очекува и меч од Лигата на шампионите против Мешков Брест.