Талески немоќен против Кил, победи за Пешевски и Кузмановски

Тројца македонски репрезентативци играа за првенствени бодови во Бундеслигата. Филип Талески, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски играа пред своите гледачи во рамките на 24. коло од шампионатот на Германија, а двајца од нив извојуваа победи. 

Талески и Балинген беа немоќни во дуелот против моќниот Кил. „Зебрите“ славеа со 20-32, а Филип Талески постигна еден погодок од четири обиди. Ландин со 18 интервенции беше најдобар поединец на натпреварот. 

Штутгарт на Жарко Пешевски извојува победа над Ерланген со 30-24, а репрезентативниот пивотмен постигна пет гола. Филип Кузмановски и Магдебург триумфираа против Лајпциг со 28-26 (15-9).

Вечерва уште Рајн Некар Левен ремизираше против Лемго (29-29), а Минден го изненади Фуксе Берлин на Даинис Кристопанс (30-25). Кил останува лидер со два бода повеќе од Флензбург и Хановер и се најавува голема борба за титулата во најсилниот германски ракометен шампионат.