• Зоран Мишевски
Ракометарите на Рајн Некар Левен забележаа очекувана победа на домашен терен против првакот на Шведска, Кристијанштад со 32-29 (16-14). Со оваа поведа „лавовите“ се извадија за поразот од ПИК Сегед минатиот викенд пред своите гледачи.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески не настапи, а Радивојевиќ и Менсах Ларсон со по пет гола беа најефикасни во таборот на првакот на Германија. Кај Швеѓаните се истакнаа Гудмунсон со девет и Легергрен со седум гола.
Вториот германски претставник, Кил во Данска го победи Алборг со 20-27 (11-15). Екберг со седум и Билик со шест гола беа најефикасни кај „зебрите“ на Гисласон.