Талески: Мора да ги намалиме грешките пред мечот за тронот

Филип Талески беше одличен во тимот на Вардар и со девет постигнати гола го водеше својот тим до триумф над Еурофарм Пелистер 2 (24-28). По мечот, македонскиот репрезентативец говореше за успешниот старт во Купот, но е свесен дека се направиле доста грешки на овој дуел.

„Знаевме дека нема да биде така лесно да победиме на овој дуел како на оној во Скопје и знаевме дека противникот ќе се подготви подобро и ќе игра поборбено. Тука ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 играа квалитетни 60 минути во одбрана, но нашето искуство пресуди. Имавме доста грешки, мора да ги сведеме на минимум за она што не чека во финалето“, изјави Талески.

Вардар во Купот на Македонија ја напаѓа 15-тата титула во историјата, а за противник ќе го има Еурофарм Пелистер или Бутел Скопје кои ќе се судрат во второто полуфинале во Кавадарци.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија