ВИДЕО: Талески ја има најдобрата асистенција на шестиот ден на ЕП

Филип Талески со две асистенции се најде во изборот за најдобри асистенции на шестиот ден на Европското првенство во ракомет. 

Додавањето до Пешевски за првиот гол против Австрија се најде на четвртото, а неговата асистенција до Дејан Манасков од зад грб е на врвот на ТОП 5 листата.

Талески го доби признанието за играч на натпреварот против Украина и е единствен наш ракометар кој се враќа дома со ова признание.