
Ракометарите на Рајн Некар Левен брзо го преболеа поразот од Вардар во Лигата на шампионите и се вратија на победничките патеки во најелитното клупско натпреварување со триумфот над шведски Кристијанштад 36-27.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески беше дел од првата постава на „лавовите“ и ги постигна првите два гола за 2-0. РНЛ водеше и со 4-0, што беше најава каков меч ќе гледаме во продолжение.
Избраниците на Николај Јакобсен имаа предност од шест голови во повеќе наврати, но упорните гости успеаја да се вратат на пристојна негатива по крајот на првиот дел, 18-14. Рајн Некар зголеми на 20-14 на стартот на вториот дел и до крајот се беше само рутински одработено за уште една нова победа на „лавовите“ со убедливи 36-27.
Талески беше стрелец на два гола од четири обиди, додека најефикасни беа Радивојевиќ беше стрелец на осум погодоци, а Шмид на шест голови. Кај Кристијанштад се истакнаа Нилсен и Гудмундсон со по пет погодоци. Следна обврска за Рајн Некар ќе биде дерби дуелот од Бундес лигата против Кил.