Талески и Миркуловски блеснаа за лесни победи на РНЛ и Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ја одигра можеби најдобрата партија оваа сезона, а неговиот Вецлар по трите кикса во низа успеа да им се врати на победите во Бундеслигата. 

Пред Миркуловски и Вецлар попладнево падна четвртопласираниот Хановер so 29-26 (14-13), кој пред стартот на овој меч беше голем фаворит за двата бода. Сепак, домашните ракометари покажаа карактер и квалитет и носени од нашиот плејмејкер извојуваа витална победа на овој дуел. Миркуловски мечот го заврши со четири гола, а поуспешни од него беа само Холст и Фираз со по пет гола. 

И вториот македонски репрезентативец кој настапува во Бундеслигата, Филип Талески денес одигра одличен меч. Македонскиот млад „бомбардер“ со четири гола учествуваше во гостинската победа на Рајн Некар Левен над Либек (28-38). Прв стрелец на мечот беше Ду Риц со девет гола додека по осум постигнаа Грoeцки и Толбринг.