Талески и Балинген ја прекинаа серијата порази во Бундеслигата

Ракометарите на Балинген дојдоа до победа над Лајпциг (26-24), по четири последователни порази во германската Бундеслига. Екипата на Талески одигра крајно неизвесен натпревар против подобро пласираниот тим, а на крајот успеа да слави триумф. Нашиот бек имаше скромна минутажа, а не успеа да постигне гол од двата шута кон голот.

Гостите подобро го отворија натпреварот и имаа одржуваа минимална предност на стартот. Сепак пред полувремето Балинген израмни, а потоа и поведе со два голови. По паузата продолжи играта гол за гол, а домаќините ја забележаа најголемата предност на мечот од плус три. Лајпциг лесно се врати и во последниот квартал од средбата во повеќе наврати израмнуваа. Во последните минути мини серија од 2-0 за Балинген беше доволна да го потврдат триумфот.

На дуелот од 20 коло во Бунеслигата најпрецизен беше Лукас Кржикала од Лајпциг со шест погодоци, додека по пет постигнаа Томан и Нијемејер од Балинген, како и Вебер од гостинската екипа.