Талески го прекина молкот и ги „чепна“ Лазаров и Кузмановски!

Македонскиот ракометар Филип Талески по раскинот на договорот со Вардар 1961 гостуваше на новиот подкаст „Вистина или не“ со Миро Кацаров на Канал 77, на кој реши да пушти отровни стрели на прашања кон селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, како и актуелниот капитен Филип Кузмановски.

Не даваше изјави додека беше дел од Вардар 1961, а на гостувањето одговараше на низа прашања на комјутер поврзан со неговиот пупс кој важеше како детектор за лаги. Едно од прашањата беше дали разговара приватно или службено со Филип Кузмановски.

На тоа, тој одговори „Не“, па одговори зошто е тоа така - „Тоа е заради некоја историја. Јас немам никаков проблем со никого и никогаш на никого не сакам лошо да му направам, но некои личности кога ќе направат лошо, само ги пречкртувам и се оттргнувам од нив. Тој на мене ми има направено лошо, а за да дознаете што е причината, треба да го прашате него“.

Потоа, одговори на прашањето дали би го поздравил Кирил Лазаров ако го сретне на улица, кратко кажа „Не“, а потоа кажа дека „душата би ја дал да игра за Македонија, ама некој друг дозволува тоа да не е така“.

Исто така, Талески кажа дека не би играл за Еурофарм Пелистер. Во моментов, Талески е слободен агент, а следна можна дестинација е Кувајт, од каде има интерес за да го ангажираат.