• Иван Димовски

Ракометарите на Вардар 1961 одиграа според очекувањата и го совладаа Охрид со 38-30 (20-18) во полуфиналниот натпревар од четвртфиналните групи во Купот на Македонија. „Црвено-црните“ одиграа убедлив натпревар, не оставија ништо на случајност и го совладаа ривалот од крај Охридското езеро.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Охрид:
Пресметката се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ поради обврските на МЗТ Скопје во АБА лигата. Стартот на средбата беше израмнет, „гладијаторите“ парираа и се одржуваа во игра. Со такво темо се играше до полувремето, бидејќи домаќините не успеваа да се одлепат. Вардарци пред одморот успеаја да дојдат до четири гола позитива, а на полувреме се замина со 20-18.
Во продолжението, предноста почна полека да расте. Иако Охрид не си дозволуваше лесно да загуби, разликата во квалитетот беше евидентна. Завршницата на натпреварот беше симултанка на шампионот, кој ги казни сите грешки и дојде до на крајот убедлива победа од осум гола разлика.
Филип Талески до врв го наполни голот на гостите со единаесет реализации, додека седум даде Дејан Манасков, а пет погодоци запиша Дутра. Кај охриѓани најдобар беше Деан Шешиќ со седум, а Бојаниќ даде еден гол помалку.