Талески блесна на СП: Лансираше две „бомби“ во голот на Јапонија! (ВИДЕО)

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја искористи минутажата која ја доби во првиот дел од селекторот Раул Гонзалез и со два ефектни гола во краток интервал изнуди аплаузи од трибините во салата во Минхен.

Талески, во кого се гледа иден лидер, на стартот на мечот не беше експониран. Меѓутоа, следеа два брзи гола, со фантастични шутеви, кои голманот на Јапонија немаше шанси да ги одбрани. 

Македонија има разлика на мечот со Јапонија благодарение на седумте гола на Кирил Лазаров, како и дванаесетте одбрани на голманот Борко Ристовски.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0