Талески без учинок во поразот на Балинген од Хановер

Ако Магдебург на Филип Кузмановски попладнево извојува тесна победа над Малсунген, вториот македонски репрезентативец кој денес се најде на германскиот паркет, Филип Талески запиша пораз со својот Балинген. 

Пред својата публика новиот тим на македонскиот бек немаше решение за расположениот Хановер и го забележа десеттиот неуспех оваа сезоната во Бундеслигата. Второпласираниот тим на табелата иако имаше негатива по првите 30 минути, во вторите беше далеку поквалитетен и заслужено ги грабна бодовите од овој дуел (33-35). 

Како и Кузмановски, така и Талески не успеа да се запише во листата на стрелците, на која денес доминираше Шох со десет гола, додека во победничкиот тим се истакна Мартиновиќ со шест гола.