Талески без учинок во новата победа на РНЛ

Ракометарите на Рајн Некар Левен запишаа нова победа во Бундеслигата, откако во рамките на 21. коло на гостински терен го совладаа Минден со 26-31.

Домаќините успеваа да држат резултатска рамнотежа до 40. минута, кога последен пат беше нерешено (20-20), за во продолжение „лавовите“ со серија голови да стигнат до очекувана победа. Нашиот Филип Талески не успеа да се запише во листата на стрелците, а најефикасен кај победничкиот тим беше Толбринг со девет погодоци.

Следен предизвик за Филип Талески и неговиот Рајн Некар Левен ќе биде дуелот од Лигата на шампионите, на гостински терен против Мешков Брест.