Талески без учинок, РНЛ рутински го совлада Минден

По поразот од Веспрем во Лигата на шампионите, ракометарите на Рајн Некар Левен, во рамките на 14. коло на Бундеслигата славеа победа против Минден со 32-29 (17-15).

По почетните 2-2, во продолжение на првиот дел, „лавовите“ беа многу подобар ривал, имаа и највисоки +6 (13-7), но на одмор заминаа со позитива од „само“ +2 (17-15). Во вториот дел ракометарите на Минден неколку пати стигнаа и до само -1, последен пат при резултат 25-24, но немаа сили за целосен пресврт. Во финишот соиграчите на Талески одиграа поцврсто во одбраната и со серија голови во нападот, славеа заслужена победа од 32-29.

Најзаслужен за победа на „лавоивте“ на денешниот меч беше Менсах Ларсен со осум гола, а Јаник Колбахер мечот го заврши со седум погодоци. Во тимот на Минден најефикасен со шест погодоци беше Далибор Додер. Нашиот Филип Талески на денешниот меч не се запиша во листата на стрелците.

Следен предизвик за Филип Талески и Рајн Некар Левен е дуелот против Лудвигсхавен во рамките на Бундеслигата, по што следи гостување во Лигата на шампионите кај тимот на Кристијанштад.