Талески без учинок, РНЛ го совлада Флензбург за Суперкуп титула

Ракометарите на Рајн Некар Левен се освојувачи на Суперкупот на Германија, откако во меч со голем број на голови го совладаа тимот на Флензбург со 26-33 (16-18), а без учинок на денешниот меч кај „лавовите“ беше нашиот Филип Талески.

Почетокот на натпреварот беше израмнет, двете екипи се менуваа во водството, се до резултат 14-14. Тимот на Талески на одмор замина со позитива од +2 (16-18), за да во продолжение умешно ја одржуваше предноста, актуелниот шампион ниту еднаш не спушти под -2 и на крајот РНЛ славеше заслужена победа со убедливи 26-33.

Најзаслужен за победата на Рајн Некар Левен беше Шмид со десет погодоци, а Сигурдсон дополни со седум гола. Кај тимот на Флензбург Захариасен постигна осум погодоци.

Рајн Некар Левен во новата сезона ќе се обиде да ја врати титулата шампион на Германија во своја сопственост, бидејќи тимот на Флензбург е актуелен бранител на титулата, која минатата сезона ја освои во самата завршница.