Несуденото засилување на Бутел ќе го засили Киелце

Јусуф

Јусуф Фарук наскоро се очекува да стане нов член на полски Киелце. 16-годишникот доаѓа од Нигерија и е еден од најталентираните играчи во У19 репрезентацијата.

Полскиот првак ќе му понуди долгогодишен договор во должина од пет години, со опција истиот да биде продолжен на уште две сезони. 

Младиот ракометар се очекува да му се приклучи на новиот тим во септември, но засега нема конкретен датум за да се случи тоа, со оглед на пандемијата. Јусуф ќе тренира со првата екипа, но ќе настапува за вториот тим на Киелце. 

Овој ракометар беше поврзуван со македонскиот суперлигаш Бутел, дури и потпиша договор со скопскиот клуб, но не дојде до реализација на трансферот. Светската јавност го запозна на Светското кадетско првенство во Скопје.