Талант го бара Додиќ уште сезонава во ростерот на Киелце

Стефан Додиќ е момчето за кое летово зборува цела ракометна Европа. Најдобриот играч на Европското младинско првенство, предводникот на српската репрезентација која го освои бронзениот медал, и секако еден од најголемите таленти на денешницата, минатата сезона потпиша договор со Киелце.

Сепак, одличните игри летово и минатата сезона во Вардар 1961 го натераа финалистот од Лигата на шампионите да побара средниот бек да се врати во Полска. Талант Душебаев, тренерот на Килце, сака младиот организатор на играта веќе летово да го облече жолтиот дрес. Конкуренцијата во првакот на Полска е голема и неизвесно е каде Талант ќе најде место за Додиќ. Сепак, преодниот рок трае, Киелце не ни започнал со подготовки, па има доволно време за да донесе најдобра можна одлука за иднината на Додиќ.

Вардар 1961 на позицијата среден бек го ангажираше Андреј Добрковиќ, младиот црногорски репрезентативец, кој треба да го наследи Додиќ како организатор на играта.