Талант: Ако Алекс побара совет од мене, ќе му речам да си замине ако...

Ракометната федерација на Шпанија организираше видео-конференција на која учествуваа голем број на ракометари и тренери од оваа држава, а главна тема на разговор беа последиците од корона-кризата.

Меѓу учесниците на оваа конференција беше и стратегот на Киелце, Талант Душебаев, кој отворено зборуваше за ситуацијата во полскиот шампион. 

„Ние зависиме од навивачите. Дури 40% од приходот на клубот е од продадените билети. Ако цела сезона ја играме без публика, тогаш клубот ќе претрпи голем удар. А, во случај доколку не играме ниту во Лигата на шампионите, тогаш нема потреба да имам толку играчи во ростерот. 

Ако треба да го советувам мојот син Алекс, би му рекол да си замине од клубот, доколку добие подобра понуда“, вели искусниот тренер. 

Веќе подолг период се шпекулира дека Киелце се соочува со финансиски проблеми, но полскиот гигант сè уште важи за еден од најдобрите и најорганизираните клубови во Европа.