Тадеј Матијашиќ од Металург се пресели во словенечки Копер

Словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ врти нов лист во кариерата и се врати да игра ракомте по долго време во татковината.

25-годишното лево крило е промовиран како нов ракометар на Копер. Матијашиќ беше во Металург уште од 2012 година, играше и во тимот на Металург 2, но сега се врати дома.

Копер има еден трофеј во словенечкиот шампионат во 2011 година, а новата сезона ќе ја стартува во прволигашкото друштво.

Покрај Матијашециќ, клубот од Автокоманда го напуштија Томовски (Лудвигсхафен), Даниловски (Охрид), Маџовски (Еурофарм Работник), Димитриоски (Вардар), Шпенде (Загреб), Пучник (Еш), Токиќ (Ајзенах), Миличевиќ (Марибор) и Велковски (Еурофарм Работник).