Табоада: Фредериција е вистинскиот клуб за мене, едвај чекам да заиграм пред верните фанови

По само една сезоната Реиние Табоада ќе ги напушти редовите на Еурофарм Пелистер и својата кариера ќе ја продолжи во Данска, каде се договори со тимот на Фредериција.

Кубанскиот репрезентативец во Битола пристигна како големо засилување, а тоа го покажа и со одличните партии на паркетот, но иако раководството на македонскиот вицешампион му понуди значително зголемување на платата, се реши за нов предизвик.

„Во данскиот шампионат се игра на високо ниво, и треба да се биде подготвен за секој натпревар. Фредериција е клуб кој напредуваше во последните сезони и мислам дека е добар проект за мене. Моето семејство и јас со нетрпение очекуваме да се преселиме во Фредериција, и да играм во „Тансен Арена“ пред фановите за кои веќе сум слушнал многу“, рече Табоада.

Фредериција во моментов е третопласирана екипа во шампионатот на Данска и освои 23 бода, што е само два бода помалку од првакот Алборг, но десет од лидерот ГОГ Гудме.