Светскиот првак Данска со главните ѕвезди ќе ја нападне Македонија

Danska

Селекторот на светскиот првак Данска, Николај Јакобсен го објави списокот на повикани ракометари за квалификациските дуели за пласман на Европското првенство против Македонија во март. 

Откако Кирил Лазаров објави поширок список на играчи, Јакобсен веднаш го објави финалниот од 18 ракометари со кои ќе ја нападне Македонија. 

  • Списокот на повикани играчи за Данска: 

Голмани: Никлас Ландин (Кил), Кевин Милер (Барселона), Емил Нилсен (Нант);
Крила: Магнус Ландин (Кил), Емил Јакобсен (ГОГ), Јохан Хансен (Хановер), Ханс Линдберг (Фуксе Берлин). 
Кружни напаѓачи: Хенрик Тофт Хансен (ПСЖ), Магнус Саугструп (Алборг), Симон Халд (Флензбург).
Бекови: Хендик Молгард (Алборг), Микел Хансен (ПСЖ), Мадс Менсах Ларсен (Флензбург), Ласе Андерсон (Фуксе Берлин), Николај Орис (Силкеборг), Матиас Гидсел (ГОГ), Јакоб Холм (Фуксе Берлин), Ласе Милер (Флензбург). 

Македонија и Данска ќе се пресметаат во Скопје на 11 март и во Алборг три дена подоцна. Светскиот првак е апсолутен фаворит во овој двомеч, па останува да видиме како Лазаров ќе ја построи селекцијата на своето тренерско деби.