Светот добива нов владетел: Шпанија или Холандија на тронот во Кумамото?

Светот на женскиот ракомет ќе добие нов светски владетел. Шпанија и Холандија за првпат ќе играат меѓусебно финале на ракометен Мундијал, а заедно имаат само три медали, од кои ниту еден златен во историјата на овој спорт.

Холандија располага со нешто поголем квалитет, а оваа генерација собра неколку финалиња и медали на големите приредби во последните неколку години. Сепак, начинот на кој шпанските ракометарки играат одбрана може да биде сериозен проблем за холандската брзина. 

Последни десет финалиња на СП во ракомет (жени):
1999 - Норвешка - Франција 25-24 (по продолженија)
2001 - Русија - Норвешка - 30-25
2003 - Франција - Унгарија 32-29 (по продолженија)
2005 - Русија - Романија 28-23 
2007 - Русија - Норвешка 27-24
2009 - Русија - Франција 25-22
2011 - Норвешка - Франција 32-24
2013 - Бразил - Србија 22-20
2015 - Норвешка - Холандија 31-23
2017 - Франција - Норвешка 23-21  

ТОП 10 потези на полуфиналните натпревари: 

Следното Светско првенство во ракомет за жени ќе се одржи во Шпанија во декември во 2021 година.