„Светата војна“ им пресуди: Загубија дома по 189 победи во низа!

Една од најголемите домашни доминации во европскиот ракомет доживеа крај. Полски Киелце пред својата публика доживеа минимален пораз од големиот ривал Висла (28-29) и така се стави крај на една импресивна низа.

Полскиот великан во својата сала, верувале или не, имаше 189 победи во низа во домашниот ракометен шампионат. Последниот пораз им беше во мај 2011 година, а во неверојатен меч паднаа пред големиот ривал во кој имаше дури четири црвени картони, што доволно говори за борбата на теренот.

Висла до победата ја водеше Тин Лучин со седум гола, Зарабец имаше пет, додека кај Киелце, Алекс Душебаев даде шест, а по четири пати погодија Сичко, Наи и Карачиќ.

Висла со оваа победа се надева дека може да го прекине владеењето на Киелце во полскиот ракомет.