Сузана Зечевиќ е последното парче во сложувалката на Металург Автокоманда

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона. 

Последна ракометарка која ќе го засили тимот од Автокоманда е Сузана Зечевиќ. Станува збор за црногорска ракометарка која настапува како бек и доаѓа од редовите на Куманово. 32-годишната ракометарка е добро позната во мак-ракометот бидејќи долги години настапува во Суперлигата. 

Зечевиќ е последното парче од сложувалката на Металург Автокоманда. Претходно во тимот пристигнаа Сара Цветановска, Слободанка Кицеска, Ана Марија Коларовска, Петра Јершек, Ива Божиноска, Анастасија Николовска и Сара Ристовска. 

Исто така во тимот останаа носителките на играта од минатата сезона, па тимот од Автокоманда ќе биде меѓу главните фаворити за трофејот.