ВИДЕО: „Сувиот лист“ на Ристовска меѓу најдобрите голови во избор на ЕХФ

Репрезентацијата на Македонија загуби во првото коло на ЕХФ Еврокупот против далеку поискусната Црна Гора (21-29) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Избраничките на Савевски во одредени сегменти им парираа на ривалките, ама немаа сили за подвиг. 

Сепак, во текот на второто полувреме најдобрата ракометарка на Македонија, Сара Ристовска постигна атрактивен гол. По добро проигрување на крилната позиција, со „сув лист“ ја матираше противничката голманка и реализираше. Поради тоа, голот на Ристовска се најде меѓу најдобрите пет на првата рунда во Еврокупот и квалификациите за Европското првенство кои се играат истовремено, во изборот на ЕХФ. 

  • Најдобрите голови во првата рунда во избор на ЕХФ: 

Македонија во оваа ЕХФ недела ја чека и гостување кај Црна Гора, која ќе се комплетира и речиси во целосен тим со исклучок на неколку ракометарки ќе ги пречека девојките на Савевски.