Суслина: Имам уште две години од договорот со Вардар и не планирам пензија

Ина Суслина на голот на Вардар

Вардаровата ветеранка меѓу стативите Ина Суслина откри дека е среќна што на свои 34 години го пронашла „спортскиот дом” во Скопје. Иако зад себе има голем број медали, кога ќе застане на голот секогаш е пречекана со аплауз и со скандирање на нејзиното име. Рускинката вели дека во тие моменти чувствува пеперутки во стомакот.

„Четири прекрасни години, друштво, омилена работа, убавото време, кафето... Слободно ќе кажам дека целосно се навикнав на мојот нов омилен град. Секој ден од овие години се чувствував среќна и исполнета. Имам уште две години од договорот со Вардар и не планирам во скоро време да одам во пензија. Планирам да бидам во одлична форма и да играм на високо ниво. Затоа и не размислувам како и што ќе биде после завршување на кариерата, рано е“, истакна Суслина за официјалната веб страница на ЖРК Вардар. 

Русинката замина на одмор на Бали, каде ќе сурфа цело лето, а потоа ќе се врати во Скопје да ја подготвува новата сезона со „црвено-црните“.