• Иван Димовски
Стартува новата сезона во ракометната Суперлига, а трофејот втора година по ред ќе го брани Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе имаат тешка задача, Вардар добро се засили, Алкалоид покажа дека секогаш е опасен и ги опомена во Суперкупот, а ќе биде тешко и против Охрид, Тиквеш...
<<< - ПОВРЗАНО - Суперлига трансфери: Пелистер и Вардар пак главни, Алкалоид чека од сенка
Ќе биде интересно во Суперлигата, веќе во првата рунда в недела следи скопско дерби во кое Алкалоид ќе го дочека Вардар, а сите останати натпревари се играат денес. Завесата на сезоната ќе се крене во салата „Автокоманда“, каде што Бутел ќе му биде домаќин на Куманово попладнево во 15:00 часот. Еден час подоцна Струга ќе го дочека Борец, а потоа во попладневните термини има три меча. Шампионот Еурофарм Пелистер гостува во „братското“ дерби кај Тиквеш.
- Прво коло во Суперлигата на Македонија:
Бутел - Куманово (сабота, 15:00 часот)
Струга - Бисинов (сабота, 16:00 часот)
Прилеп - Пролет (сабота, 18:30 часот)
Радовиш - Охрид (сабота, 19:00 часот)
Тиквеш - Еурофарм Пелистер (сабота, 19:00 часот)
Алкалоид - Вардар 1961 (недела, 19:00 часот)
Натпреварите од суперлигашката конкуренција ќе продолжат и следниот викенд со второто коло.