Суперлигата со дури 16 претставници на СП, 11 ќе играат за Македонија

Ако на претходните репрезентативни собири ракометарите од Суперлигата на Македонија беа реткост, на Светскиот шампионат во Египет ситуацијата е целосно поинаква. Данило Брестовац со подмладен тим и неколку искусни имиња го дочека последниот повик за Каиро. 

Така, од Суперлигата на Мундијалот ќе настапат дури 16 ракометари, што досега било енигма. Од нив, дури 12 ќе играат за Македонија, двајца за Хрватска и по еден за Египет и Полска. На списокот доминира Вардар со дури шест имиња, па следат Еурофарм Пелистер со четворица, Металург и Охрид со по двајца, а еден доаѓа од младиот тим на пелистерци.

  • Суперлигашки играчи на СП (14):

Никола Даниловски (Охрид) 
Димитар Димитриоски (Вардар) 
Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2) 
Филип Талески (Вардар)
Марко Мишевски (Вардар)
Михајло Младеновиќ (Охрид)
Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер)
Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
Мартин Серафимов (Металург)
Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер) 
Стојанче Стоилов (Вардар)

Карим Хeндави (Египет, Еурофарм Пелистер)
Иван Чупиќ (Хрватска, Вардар)
Патрик Валчак (Полска, Вардар) 
Златко Хорват (Хрватска, Металург). 

Интересно, по неколку големи собири во низа, вардарци немаат ниту еден Русин кој ќе настапи во Египет. Тимур Дибиров и Глеб Калараш останаа во Скопје без повик, а шанса да заиграат имаат најдобриот играч на битолчани Стипе Мандалиниќ и Ловро Јотиќ од Вардар кои се резерви на списокот за Хрватска.