Суперлига 2019/20: Пелистер стартува со Бутел, Металург против Металург 2

Денес во конференциската сала на хотелот „Континентал“, Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за претстојната сезона на Суперлигата во машка конкуренција. 

По подолго време во првата фаза на шампионатот ќе се натпреварува тимот на Металург, кој лани го загуби статусот на вицешампион, а во првото коло за свој противник ќе го има тимот на Металург 2, кој лани обезбеди место во елитата.

Прво коло:
Пелистер – Бутел
Пролет – Охрид
Работнички – Струга
Радовиш – Вардар Јуниор
Металург 2 - Металург

Екипите на Вардар, како шампион, и Еурофарм Работник, како вицешампион, ќе се приклучат во втората фаза (плеј-офот), кон стартот на следната година.