Суперлигашко засилување за Младост во борбата за кам-бек во елитата

Ракометниот клуб Младост 1977 за втората полусезона во Првата лига промовира ново засилување. 

Нов член на тимот од Богданци е Марио Миланов кој настапува во бековската линија, главно на левата страна. Се работи за 25-годишник со суперлигашко искуство.

Миланов во својата кариера настапуваше за Бутел, Голден Арт и Борец во елитното натпреварување на Македонија.

По првата полусезона Младост е лидер и единствен максимален тим во Првата лига. Тимот од Богданци е главен фаворит за првата позиција и враќање во елитата.