• Мартин Танасковски
И во денешните натпревари од Купот на Македонија, суперлигашките екипи ги оправдаа фаворитските улоги и се пласираа во групната фаза од натпреварувањето.
Алкалоид се сретна со Драчево против кого славеше со 44-26 (21-15). До победата вицепрвакот го водеа Максим Гарбески со осум, пред Дарио Кофилоски со шест гола, а Стефан Стојчевиќ погоди пет пати, додека кај Драчево, Ѓорѓи Дука даде десет гола.
Бутел Скопје исто така беше подобар од Македонија ЃП (49-26). Илија Пејковски на своето конто имаше 11 гола, пред Марио Каевски со шест, додека кај „лавовите“ Лука Трифуновски погоди девет пати.
Струга како гостин во салата „Парк“ во Струмица го доби Астраион (25-18). Ненад Костоски постигна девет гола, пред Јовица Младеновски со пет гола, додека кај струмичани се истакна Васе Наков со десет реализации.
Убедлив беше и ГРК Тиквеш на домашен терен против Партизан (56-20). Најдобар стрелец кај победникот кој играше во подмладен тим беше Лазов со 12 гола, пред Темелковски со 11 гола, додека кај Партизан, искусниот Лисичков реализира десет пати..
Во единствениот суперлигашки меч од оваа фаза, Голден Арт беше подобар од Аеродром (37-27). Гошевски со осум и Миланов со шест гола беа најдобри кај победникот, а на аеродромци не им помогна блескавата партија на Наум Костов со 16 гола.