Суперлига жени 2024/25: Шампионот во група со Вардар, Куманово против Металург

Ракометната федерација на Македонија го одржа извлекувањето на групите за новиот формат на женската Суперлига за сезоната 2024/25. Според новиот систем, ќе се играат три групи со по пет екипи, понатаму одат двете најдобри по десет одиграни рунди (дома-гости). 

Овој формат е поинаков од ланскиот, а пред ждрепката клубовите беа сместени во пет шешири, по три екипи. Така носителите се избегнаа меѓусебе за првата фаза на првенството. 

  • Групи за новата сезона во Суперлигата кај дамите:

Група А: ЖРК Ѓорче Петров 2, ЖРК Чаир, Скопје, Астибо, Стружанка
Група Б: ЖРК Куманово, ЖРК Пелистер, Овче Поле СУ, Металург Автокоманда, Гевгелија
Група В: Спартак, Шампион, Деспина, ЖРК Вардар, ЖРК Ѓорче Петров

Исто како и кај мажите, сезоната кај дамите стартува викендот на седми и осми септември.