Супер-засилување за Металург, Тарабокија е нов среден бек!

Металург ја пополни дупката која ја имаше на средната бековска позиција и во своите редови го донесе искусниот босански репрезентативец Марко Тарабокија.

31-годишникот во Автокоманда доаѓа како уште едно ново звучно име во европскиот ракомет, а последната сезона ја мина во Унгарија каде го носеше дресот на Чурго. Најголемите успеси тој ги оствари во Висла Плок, каде играше од 2015 до 2019 година.

Исто така, Марко Тарабокија низ годините настапуваше и за Азоти Пулави, Марибор и ППД Загреб. Тој ќе биде прв избор на средната бековска позиција во некогашниот македонски првак.

Металург со ангажманот на Тарабокија склопи одличен тим за настапот во Европската лига на ЕХФ. Претходно, тимот се поднови со Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ, Никола Потиќ...