• Саше Љолес

Амбициозниот романски шампион, Динамо Букурешт, започна со плановите за следната сезона и веќе потпиша со неколку засилувања, а најновото е навистина звучно име од кое се очекуваат големи работи.
Романскиот првак потпиша со црногорскиот репрезентативец, Бранко Вујовиќ, кој ќе пристигне од редовите на германскиот Хановер и потпишува договор на три сезони. Се работи за искусен десен бек кој ја започна својата кариера во полскиот Киелце, а играше и за словенечкиот Целје.
За црногорскиот национален тим има одиграно 43 натпревари и забележа одличен учинок од 166 постигнати голови.