Супер кам-бек на Холстебро, Шундо и Доброгеа се лизнаа во Данска

Екипата на Доброгеа Суд во чии редови има тројца Македонци - Звонко Шундовски, Никола Митревски и Велко Маркоски, со пораз ги отвори настапите во ЕХФ Купот и во Данска кај Холстебро загуби со 29-25 (14-12).

Данците се покажаа како „тврд орев“ за романскиот тим, кој не успеа да дојде до позитивен резултат, иако имаше позитива од три гола на десет минути пред крајот (21-24). Јунак на домашните беше Смитс, кој даде четири погодока во клучните моменти и прво донесе изедначување (25-25).

Потоа, на сцена стапи Килделунд, кој исто така даде четири гола во низа, за конечни 29-25. Најдобар на мечот беше Браминг со осум гола, а Естлунд заврши со пет. Кај Доброгеа, Малиновиќ и Вујовиќ запишаа по четири гола. И покрај феноменалниот Митревски на голот, романскиот претставник не можеше да го избегне првиот пораз.

ЕХФ Куп, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПортоПорто 6 6 0 0 196:168 28 12
2 ХолстеброХолстебро 6 3 0 3 175:160 15 6
3 Доброгеа СудДоброгеа Суд 6 2 0 4 165:174 -9 4
4 Сиудад ЕнкантадаСиудад Енкантада 6 1 0 5 152:186 -34 2