Супер глоуб: Кил доби „вајлд-карта“, Вардар и Барса директно во четвртфиналето

Нешто повеќе од еден месец од почетокот на првиот ИХФ Супер глоуб кој ќе се игра во Саудиска Арабија, организаторот - Светската ракометна федерација (ИХФ) ги откри учесниците и системот на натпреварување. 

Мундијалот за клубови годинава ќе биде зголемен на десет екипи, а и системот на натпреварување е различен во споредба со минатогодишниот. ИХФ го повика Кил, кој како освојувач на ЕХФ Купот ќе ја брани честа на Европа, заедно со европскиот првак Вардар и ланскиот победник на Супер глоуб, Барселона.  

Вардар и Барселона се единствените фаворизирани екипи кои ќе се вклучат дури во четвртфиналето. Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк се екипите кои ќе разигруваат за четвртфиналето.

Победникот на турнирот ќе освои 400.000 долари. Овој трофеј е единствениот кој Вардар не го освои во походот пред две сезони.