ВИДЕО: Супер-цепелин на Поповиќ и Табангует, Пелистер играше атрактивно против Вардар!

Битолски Пелистер и покрај големите проблеми во играчкиот кадар не се посрамоти против шампионот Вардар и пред својата публика одигра повеќе од солиден натправар. 

На крај вардарци славеа со 24-31, но и „крпениот“ битолски тим имаше што да покаже против поранешниот европски шампион. Најатрактивниот гол на мечот е дело на домашните ракометари Милан Поповиќ и Черубин Табангует, кои извеоа супер-цепелин на старtот на вториот дел за одушевување на битолската публика. 

  • Цепелинот на ракометарите на Пелистер против Вардар: 

Токму Табангует и Поповиќ беа најефикасни во редовите на Пелистер. Репрезентативецот на Габон постигна шест гола, додека црногорското крило пет пати се запиша во листата на стрелците. 
 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 8 0 1 295:252 43 24
2 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 9 7 0 2 284:229 55 21
3 МеталургМеталург 9 5 0 4 275:274 1 15
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 9 3 0 6 241:250 -9 9
5 ПелистерПелистер 9 2 0 7 249:279 -30 6
6 Пролет 62Пролет 62 9 2 0 7 223:283 -60 6