Судиите Митревски и Тодоровски дел од Европската лига на ЕХФ

Македонски судии ќе има во првата квалификациска рунда на Европската лига на ЕХФ, затоа што „куќата на ракометот“ ги делегира Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Судиското дуо од Македонија ќе биде дел од реваншите од првата квалификациската рунда во која ќе се судрат Силкеборг од Данска и Куенка од Шпанија. Натпреварот се игра на 3 септември од 16:00 часот.

Данците пред својата публика ќе бранат предност од првиот натпревар кој заврши со резултат 31-26.